Груевски: Гасификацијата на Македонија добива смисла

Bez autora
Jul 23 2013

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, по покана од Руската Федерација денеска во Москва ќе го потпише договорот за гасоводот Јужен тек. Ова е исклучително значаен проект за нас, затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла. Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволно количество гас. Сега со склучување на договорот за Јужен тек сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец.

Груевски: Гасификацијата на Македонија добива смислаМакедонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, по покана од Руската Федерација денеска во Москва ќе го потпише договорот за гасоводот Јужен тек.

- Ова е исклучително значаен проект за нас, затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла - изјави премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволно количество гас.

- Сега со склучување на договорот за Јужен тек сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец - појасни Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе дојде кракот, од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски посочи дека тоа ќе биде одлука на Руската Федерација односно на Гаспромм. Гасоводот Јужен тек треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди кубни метри годишно или 14% од вкупните потреби на Европа, а инвестицијата е проценета на 15 милијарди евра.

Јужен тек ги размрда Грците

Македонија во јули минатата година влезе во проектот Јужен тек. Пред две недели на интернет-страницата на Владата на Русија излезе документ дека Владата на Руската Федерација го подготвила договорот за создавање крак од гасоводот Јужен тек за испорака на гас во нашата земја. Во согласност со документот, во случај на утврдување целесообразност на изградбата врз основа на спроведената анализа на Гаспромм и на Македонски енергетски ресурсии, двете страни ќе основаат заедничка компанија за реализација на проектот со еднакво учество, од по 50%.

Потпишувањето на договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек предизвика големо внимание во Атина, особено поради тоа што пред извесно време рускиот гигант Гаспромм ја исклучи Грција од проектот откако утврди дека профитот од Грците нема да ги покрие трошоците за инвестицијата, јави дописникот на МИА од Атина. Според грчките медиуми, во моментов не е познато каков вид договор денеска ќе биде потпишан меѓу Македонија и Русија.

Грчките медиуми потсетуваат дека руската Влада пред две седмици соопшти дека премиерот Дмитриј Медведев потпиша декрет со кој го одобри текстот за спогодбата што треба да ја потпишат владите на Руската Федерација и на Република Македонија за соработка во изградба на крак на гасоводот Јужен тек, со којшто нашата земја ќе се снабдува со руски гас. Според документот подготвен од страна на Министерството за енергетика на Русија, подготвени се и резултатите од анализата за техничката, еколошката, економската и финансиската оправданост на изградбата на кракот кон Македонија.

Македонија забрзано се подготвува

Македонската влада забрзано се подготвува за доаѓањето на евтиниот енергенс. Министерството за транспорт и врски деновиве потпиша договор со компанијата Топлификација инженеринг", која треба да изработи идејни проекти и студија за оправданост за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Македонија. Вредноста на договорот е 66,9 милиони денари или околу еден милион евра, а проектите треба да бидат готови за осум месеци. Студијата треба да даде оценка за оправданоста на изградбата на дистрибутивни системи во сите населени места во земјата. Македонија е поделена на 8 региони и за секој како целина, но и за сите урбани средини ќе се оценуваат можностите и исплатливоста за гасификација, односно колкав дел од домаќинствата, индустријата и од јавните објекти ќе користат природен гас. Таму каде ќе се утврди економска исплатливост, ќе се предложи изградба на дистрибутивен систем, а за други можеби користење компримиран гас, при што ова второто веројатно ќе биде најисплатлива варијанта за индустриски објекти, оранжерии и слични капацитети што се пооддалечени од главната гасоводна цевка.

Изградбата на Јужен тек почна во декември 2012 година и се очекува да заврши до крајот на 2019 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik